Роберт Саздов ќе одржи концерт во Германија
Македонскиот музичар Роберт Саздов ќе одржи авторски концерт во Германија. Концертот се одржува во рамките на Втората конференција за Просторно аудио која од денеска до недела се одржува во Ерланген, Германија во организација на Фаунхофер институтот.
Саздов ќе настапи на покана од Германската асоцијација на тонмајстори кои се организатори на оваа врвна конференција за мултиканално и аудио истражување, а е предводена од научници од Европа и Северна Америка.
Македонскиот музичар ќе претстави свои електроакуситчни композиции создадени во текот на неговата резиденција во Детмолд.
Но концертот не е единствената обврска на Саздов. Тој ќе предводи работилница за неговата композиција „Исчезнато село“ (2012) за 22.2 канали. Композицијата беше нарачана од Фаунхофер институтот и се користеше за истражување на нивниот MPEG-H тридимензионален аудио стандард.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа