Младите во Гостивар ќе играат фудбал на нов терен со вештачка трева

 

Младите од Гостивар од денеска ќе можат да ги покажат своите фудбалски вештини на новото фудбалско игралиште во Дутлок, кое беше отворено со мечот меѓу помладите фудбалери,

Игралиштето е направено со средства од УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија, Програмата за развој хет-трик како и Агенцијата за млади и спорт и општината Гостивар.

- Со инсталирањето на теренот со вештачка трева во Гостивар, претходно во Ѓорче Петров и во останатите градови, ќе придонесеме многу повеќе луѓе да го засакаат фудбалот, да тренираат во одлични услови и да се надеваме на многу нови фудбалски таленти, истакна претседателот на Фудбалската федерација, Илчо Ѓорѓиоски.

Гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта ја истакна соработката со сите учесници во реализацијата на проектот, за кој, како што рече, ќе им овозможи на младите да бидат на исто рамниште како и нивните врсници во реномирани клубови.

Бејта нагласи дека општината одвоила сто илјади евра, кои биле неопходни за изградба на теренот.

20.02.2014 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега