Да ја покажеме хуманата страна: Донирајте облека и играчки за децата без родители

 

 

Невладината организација „Урбано општество“ во соработка со ОУ „Лазо Ангеловски“ и Министерството за труд и социјална политика, почна со реализација на голема хуманитарна акција за собирање стара облека и играчки.

Како што соопштува општина Аеродром, облеката и играчките ќе бидат донирани во неколку домови за деца без родители и родителска грижа. Собирните пунктови на акцијата, која ќе трае до 22 февруари ќе бидат поставени во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче.

Според Мартин Серафимов, претседател на НВО „Урбано општество“, наместо да се фрла старата облека или пак да собира прав во подрумите, таа треба да им се подари на децата на кои им е потребна, а тие вечно ќе бидат благодарни. 

18.02.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега