Венизелос денес ќе пристигне во посета на Србија

 

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, во рамки на својата турнеја низ земјите од Западен Балкан, денеска ќе пристигне во посета на Србија.

За време на својот престој тој ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот во оставка Ивица Дачиќ и вицепремиерот во оставка Александар Вучиќ, како и со шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ.

Венизелос го посетува балканскиот регион во својство на претседавач со Советот на министри на ЕУ.

Во рамки на турнејата, која трае од денеска до 21 февруари, грчкиот министер ќе ги посети Црна Гора, БиХ, Косово, Македонија и Албанија. 

18.02.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега