Пајакот вчера направил парче низ Скопје

 

Сообраќајната полиција вчера на скопските улици уловила и казнила 20 непослушни возачи.

Санкционирани биле четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 12 кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 97 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Ацо Шопов“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

18.02.2014 - 09:27
Фото: 
grad.sk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега