На Интернет почесто се објавуваат слики од миленичиња отколу од семејството

 

Две третини од сопствениците на животни во Велика Британија многу почесто на Интернет ги ставаат своите миленичиња отколку семејството и пријателите. Меѓу животните кои луѓето ги ставаат на Интернет се мачки, кучиња, но се поопуларни се и зајаците и хрчаците.

Анкетата ја спроведе компанијата Samsung Digital Imaging, а од две илјади испитаници 62 отсто рекле дека редовно ставаат фотографии од своите миленичиња на Интернет. Анкетата на Самсунг случајно се совпадна со натпреварот „Фотографија за куче на годината“, која покажа дека 16 отсто сопственици на миленичиња ставаат иста количина на фотографии на животните на Интернет колку и слики на луѓето.

Сопствениците на животни во просек ставаат шест фотографии од своите миленичиња, но само пет каде се нивните пријатели или семејството. Треба да се истакне дека поголем број сопственици на животни, своите миленичиња ги сметаат како членови на семејството.

Точно 25 отсто од сопствениците на кучиња, ставаат фотографии од своите миленичиња на Интернет кога им е роденден, а 23 проценти ставаат и фотографии на милеиничиња во текот на кој било празник.

- Експлозија на социјалните медиуми значи дека со остатокот на светот делиме се повеќе информации за своите животи, многу повеќе од некогаш. Нашите миленичиња се голем дел од сето тоа, па природно е да сакаме на Интернет да ги споделиме најзабавните моменти, изјави заменик претседателот на корпоративниот маркетинг во Самсунг во Велика Британија и Ирска, Расел Тејлор. 

17.02.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега