Камен ладно среде април - Македонија мрзне и утринава
Македонија мрзне и ова утро среде април. Најстудено е на Попова Шапка – 10, -8 во Маврови Анови, -6 во Крушево и Берово, -4 во Скопје Крива Паланка, Охрид, Тетово и Битола, -3 во Куманово и Прилеп, -2 во Демир Капија, Кавадарци, Велес и Виница, а -1 во Струмица и Штип.
Во Крушево има снежна покривка од девет сантиметри, на Попова Шапка пет, а во Маврово еден, соопшти УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа