Два автомобила се искршија во Струга - повредени четири лица

 

Четири лица се здобија со повреди во страотна сообраќајна несреќа која се случи синоќа во Струга. 

Во близина на Мороишки Мост и бензиската пумпа на „Окта“, околу 21 часот и 30 минути, од засега неутврдени причини, се судриле две патнички возила, а повредените лица биле веднаш хоспитализирани во Општата болница во Струга.

Според дежурниот лекар-хирург, доктор Владо Кочоски, здравствена состојба на повредените е стабилна и тие се пуштени на домашно лекување.

- Четворицата патници од едното возило, родители и нивните две ќерки имаа телесни повреди, а патничката од другото возило беше донесена со претрпен психички стрес. Сите се во добра здравствена состојба и се пуштени на домашно лекување, информира доктор Кочоски, пренесе МИА.

Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.

17.02.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега