Експлозија го потресе Тетово - две малолетнички завршија на Ургентен
Експлозија ги потресе тетовчани. Околу 16 часот и 45 минути се случила експлозија од засега неутврдена направа на улицата „29 ноември“ во ромското маало во Тетово, при што за жал биле повредени четири дечиња.
Како што пренесува МИА, посериозно се повредени две девојчиња на возраст од 13 и 14 години, кои итно биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Засега не се знае што ја предизвикало експлозијата.
16.02.2014 - 18:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа