Тетовчанец во болница со куршум во стомакот - обид за убиство или несреќа?
Тетовчанец синоќа бил донесен со повреда во пределот на стомакот во болницата во Тетово.
Се работи за 35-годишниот Ф.О. од тетовското село Долно Палчиште синоќа околу 21 часот и 30 минути е пренесен во Тетовската клиничка болница со повреда во стомакот од ловечка пушака, а поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Увидна екипа од јавниот обвинител и претставници на полицијата извршиле увид во семејната куќа на повредениот каде пронашле ловечки карабин со една празна чаура во цевката и други траги како фрагменти од проектилот и оштетувања на вратата.
Од едно женско лице, кое било во куќата, земена е парафинска ракавица, а по наредба на јавниот обвинител парафински ракавици ќе бидат земени и од другите домашни кои со повредениот заминале за Скопје.
- Се работи на утврдување на околностите како се повредил Ф.О., односно дали е самоповредување или станува збор за нешто друго, изјави Јосифовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа