Нов јавен повик за финансирање преку ИПАРД програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека денеска е објавен деветтиот Јавен повик за доставување барања за користење  финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија.

Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-адресата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk  или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Огласот трае до 17 април, а средствата се наменети за  Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија (Мерка 101);   Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија (Мерка 103) и Диверзификација и развој на руралните економски активности (Мерка 302).

15.02.2014 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега