"Цела плата ја трошам за секс-играчки ова е работа од соништата" - се отвори продавачка од секс-шоп
За поголем број од жените работата во секс шоп би била вистинско измачување. Меѓутоа, Симон Нелсон не е како поголемиот број на жени.Таа уште како мала била многу заинтересирана за секс па одлучила со тоа да се занимава во животот.Станала терапевт за врски, сексолог, автор на неколку книги за сексот. Сепак за целосно да ја испита човековата сексуалност одлучила да стане продавачка во секс-шоп.
- Отидов на оваа работа со мисла дека ќе продавам вибратори, ќе делам совети за лубриканти и да им помогнам на срамежливите или конзервативни луѓе да го пронајдат она по што дошле. Но, се покажа дека оваа работа е сето ова, и многу повеќе. Кој би помислил дека ќе работат во секс шоп биде искуство кое ќе ми го промени животот, вели таа.
Продавачката живее во Торонто и води веб страна на која дава разни совети за сексот. Нејзинит прекар е Кити , и вели дека моментално е опседаната со жена-мачка и нејзината сексапилност. Со оглед на тоа дека работејќи ја оваа работа научила многу одлучи некои работи да ги подели со светот. Првата работа која ја научила е дека не зна ни пола за сексот отколку што мислела дека знае.
-Брзо сфатив дека се што знам за сексулноста, дојде од моето лично искуство. Сепак, пота ми стана јасно дека постоу еден цел свет луѓе и различни сексуалности и дека за секој постои по некоја играчка, вели таа.
Од ароматични свеќи , масла, преку DVD со упатство за употреба, на различни справи за орален секс, таа вели во секси шоповите може да се најде буквално се што може да замислите. Во задниот дел на продалвницата вели таа, се оние вистинските. Вибратори од различни форми и функции, и разни уреди за љубителите на малку погруби игри.
-Клиентите речиси и да не можат да ме изненадат или засрамат. Во почетокот се случуваше да ми побарат нешто за кое никогаш не сум слушнала. Еднаш една жена ми побара совет за најдобра справа за Г-точка , и како да постигне оргазам, вели искрената продавачка.
Сепак таа вели дека има и некој чудни и первезни луѓе кои доаѓале и ништо не купувале. Така некој машки клиент барал долго да му објаснува како работат играчките,а потоа седел во возилото пред продавницата.
-Мојот прв муштерија беше жена која влезе во продавницата многу неодлучно и право отиде во задниот дел.Кога ја прашав дали и е потребна помош изгледаше многу застремено.Откако ја уверив дека не сум таму да и судам, дозволи да и помогнам да го одбере својот вибратор- пишува Симон на нејзиниот блог.
Симон вели дека покрај тоа што клиентите учат од неа, и таа многу од нив,..Таа вели дека работата да ги учи паровите како интимно и сексуално да се поврзат е работа од соништата.
Покрај тоа таа додадава дека понекогаш знае и целата нејзина плата да ја потроши токму на работното место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа