Земјотреси повторно го тресат грчкиот остров Кефалонија
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Јонското Море.
Епицентарот на потресот бил на 13 километри северозападно од градот Ликсури на грчкиот остров Кефалонија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Засега нема информации за жртви или штети.
Грчкиот остров Кефалонија од јануари го погодуваат серија земјотреси од кои некои предизвикаа посериозни штети врз патната инфраструктура и згради.
15.02.2014 - 11:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа