Скопјанецот кој уби припадник на Алфите пробил два бетонски ѕида во косовскиот затвор

 

Скопјанецот Алмир Дрпљанин кој бешеосуден на доживотен затвор за убиството на припадник на полициските „алфи “ во 2008 година, имал неуспешен обид за бегство од затворот Дубрава во Kосово, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Дневник.

55-годишниот скопјанец беше уапсен во 2012 година, а сеуште се чека негова екстрадиција во земјава. Убиецот и Kосовецот Бурим Баша, двајцата сместени во павилјонот за затвореници со висок ризик, успеале да пробијат два бетонски ѕида внатре во објектот, а кога дошле до третиот ѕид се соочиле со тешки криминалци. На Косовецот на кој му било јасно дека нема да му успее планот за бегство од затворот, самиот се пријавил кај затворските службеници, велејќи дека на овој начин сакал да им покаже дека може да избега кога ќе посака, пренесе Дневник.

За потсетување, Дрпљанин во 2010 година беше осуден во отсуство на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи и ранувањето на двајца негови колеги на паркингот кај ПМФ. Тој се сомничи и за грабежот на 200.000 евра од возило на Kомерцијална банка во ноември 2007 година кај Скопско сајмиште. 

15.02.2014 - 10:45
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега