Млад гостиварчанец заврши со скршеница на черепот - детали за несреќата во Гостивар

 

Седум лица се повредени од кои едно потешко во тешката сообраќајна несреќа што вчеравечер, како што дозна Пресс24, се случила на излезот од Гостивар.

Според податоците, несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути на улицата ЈНА во Гостивар, на излезот од градот кон Маврово, во близина на бензинската пумпа на Макпетрол, кога се судриле „БМВ“ и „Опел зафира“ со гостиварски регистарски ознаки, во кои имало седум лица. Возачот на БМВ–то, 24-годишниот Е.И се здобил со скршеница на левиот колк, а возачот на другиот автомобил, 44-годишниот О.К. има скршени ребра. Исто така и 21-годишниот сопатник Н.С. се здобил со фрактура на черепот.

Материјалната штета се проценува на 500 илјади денари.

15.02.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега