Пет години затвор за напаѓачите кои ја запалија зградата на претседателството на БиХ

 

Најмалку пет години затворска казна им се заканува на напаѓачите на зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина и други институции во Сараево, кои беа уништени и запалени при протестите во земјата.

Во средата од страна на Федералната полиција беше поднесен извештај до Обвинителството на БиХ против непознати лица за тероризам, во врска со кривичното дело напад на уставниот поредок.

"Федералната полиција бара наредбодавец или поттикнувач, како и извршители кои биле повеќе. Уништени се објекти, но повредени се и полицајци. Може да се случи некои лица да бидат осудени за повеќе кривични дела и во тој случај се зема единствена казна што мора да биде помала од збирот на поединечните", објаснуваат експертите.

Со цел да ги документираат овие предмети, полицијата собира фотографии, видео и аудио снимки од медиумите. 

14.02.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега