Вељановски во посета на Индија
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска оствари средба со потпретседателот на Индија, Мохамад Хамид Ансари, кој воедно е и претседател на Горниот дом на индискиот Парламент .
На средбата со свои прашања, коментари и препораки учествуваа и 12 сенатори на Горниот дом на Индискиот парламент. На почетокот на средабата, претседателот Вељаноски искажа особено задоволство што ја предводи првата официјална делегација на највисоко државно ниво во Индија и што гостопримството на домаќинот е на особено високо ниво.
Тој потенцираше дека односите меѓу Република Македонија и Индија се развиваат во нагорна линија во дух на пријателство, разбирање и заемно почитување. Во насока на унапредување на пријателските односи Вељаноски нагласи дека Република Македонија дава целосна поддршка за членството на Индија во меѓународните институции и конкретно поддршка на кандидатурата на Индија за членка на Советот за безбедност на ОН. Во однос на економската соработка двајцата говорници искажаа желба за нејзино унапредување и интензивирање. Претседателот го поздрави принципиелниот став на Индија во однос на користењето на уставното име во билатералната комуникација со надеж дека наскоро ќе дојде и до официјално признавање на Република Македонија под уставното име.
Делегацијата предводена од претседателот Вељаноски попладнето оствари средба со државаниот министер за надворешни работи, Принит Кор, која изрази особено задоволство што во Индија доаѓа делегација на највисоко државно ниво после нејзината неодамнешна посета на Република Македонија.
На средбата стана збор за меѓусебната сорабока и поддршка на меѓународно ниво, особено во Обединетите нации. Државната министерка Принит изрази осебен интерес за меѓусебната еконосмка соработка и за инвестициите кои можат да се очекуваат во наредниот период, за застапеноста на жените во политиката.
Собраниската делегација предводена од претседателот Вељаноски положи венец во Меморијалниот центар на Махатма Ганди.