Педофил не успеал да силува малолетничка па одел по бајачки за да му го решат "проблемот"

 

Верувале или не, педофил од Србија откако не можел да ја силува жртвата која му паднала во око, посетувал бајачки, за да најде начин да и се приближи.

Според податоците од српските медиуми, се работи за 31-годишниот Д.Т. од Србија, бил буквално опседнат со девојче кое е шесто одделение, па по неуспешниот напад на ученичката, и ги зел телефонот неколку прстени и чорапите, и ги однел кај бајачка, за да му помогне за неговиот проблем.

Д.Т. се обидел да ја силува малолетничката минатата година. Се сокрил во близина на училиштето каде оди на настава девојчето и ја чекал да заврши со часови. Кога поминала тој ја зграбил и се обидел да ја силува, но девојчето успеало да се извлече од канџите на педофилот и да им раскаже на родителите што се случило, по што тие случајот веднаш го пријавиле во полиција.

Осомничениот сам се пријавил во полицијата во Зајечар минатата среда.

14.02.2014 - 12:24
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега