Ешдаун: ЕУ е виновна за кризата во БиХ
Како што објави белградскиот весник “Блиц” поранешниот висок претставник на меѓународната зааедница во Босна и Херцеговина во периодот од 2002 до 2006 година лорд Педи Ешдаун изјавил дека Еврпската унија е виновна за кризата во Босна.
Во интервју за Си-Ен-Ен британскиот лорд рекол дека демонстрантите во Босна и Херцеговина се кренаа против длабоко корумпираните политичари, кои управуваат со земјата.
- За оваа ситуација треба да се обвини Европската унија, изјави Ешдаун во интервјуто.
Според лордот моменталната ситуација во БиХ е исклучително нестабилна и ЕУ треба да направи многу повеќе со цел да помогне да се изгради функционална држава што ќе им служи на своите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа