Пензионерите бесплатно ќе се возат и во недела

 

Освен во вторниците, петоците и саботите, пензионерите од Скопје ќе можат бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП и во неделите, објавува Алфа.

Според информациите на телевизијата, овој предлог, пензионерите да добијат уште еден гратис ден возење во автобусите во јавниот превоз се наоѓа меѓу материјалите за следната седница на Советот на Град Скопје.

Мажите постари од 64 години и жените постари од 62 можат бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП, а ова право се докажува со покажување лична карта на службени лица во автобусот.

14.02.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега