Центар утре без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација ги известува граѓаните дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф – 80 мм на ул.Никола Тримпаре бр.8 во населба Центар, утре во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од улиците Никола Тримпаре, Дебарца и Борка Талевски.
12.02.2014 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа