Стартува реконструкцијата на патот Волково - Орман

 

Стартува првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат Волково-Орман. За проектот се обезбедени 15.800.000 денари од Агенцијата за рурален развој и 7.200.000 денари од буџетот на општината Ѓорче Петров.

Улицата ќе биде широка седум метри и долга 1.560 метри. Ќе бидат изградени и тротоари со бекатон плочки во широчина од 1,5 метар, а ќе биде поставено и улично осветлување.

Поставена ќе биде и канализациска мрежа во должина од 950 метри. 

12.02.2014 - 08:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега