Цела гинекологија под клуч - дошла да се пораѓа со 1,24 промили алкохол во крвта и направила хаос

 

Цело гинеколошко одделение во Бјеловар, Хрватска било ставено под клуч откако денеска жена со 1,24 промили дошла да се пораѓа, а пред самот чин, решила дека сака да си замине од болницата. Докторите немале избор и се решиле цела болница да ја стават под клуч. 

Алкохолизираната жена практично стана од породилниот стол непосредно пред бебето да дојде на свет.
Лекарите согласно етичката пракса, решиле жената против нејзината волја да ја задржат на клиниката, бидејќи освен сопствениот, таа го загрозува и животот на нероденото бебе.
За среќа, според нефоцијалните информации кои ги објавија хрватските медиуми чино на породување поминал добро а бебето се родило во добра општа состојба.
Сепак, веднаш по породувањето, жената си го земала детето и ја напуштила болницата. Докторите се плашат дека постои можност поради алкохолизираната состојба на мајката детето да стекне тешки пореметувања.

Хрватските медиуми потестуваат на случај во 2010 година кога мајка се породила со неверојатни 4,26 промили алкохол во крвта. За жал бебето се родило со само 900 грама и тешки оштетувања на црниот дроб и нервниот систем

11.02.2014 - 21:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега