Продолжуваат протестите низ БиХ

 

Освен во главниот град Сараево, протестите низ БиХ и денеска продолжуваат.

Во Мостар на Шпанскиот плоштад се собраа неколку стотици луѓе, а бројот се зголемува, поради што е зајакното присуството на полицијата.

За сега ситуацијата е мирна.

Во Зеница, исто така, продолжуваат протестите пред Владата, каде демонстрантите бараат оставка на началникот Хисеин Смајловиќ.

Протести има во Тузла, Велика Кладушаи, Брчко, Цазин, Какњ, Травник, Лукавце, Бихаќ и други места каде демонстрантите бараат социјално-економски и промена на локалните власти.

11.02.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега