Партијата на Риза Халими ќе оди на предвремени избори во Србија

 

Риза Халими кој воедно е лидер на партијата за демократско делување и актуелен пратеник во Парламентот на Србија одлучи да учествува на предвремените парламентарни избори во Србија.

Одлука за учество на изборите партијата ја донела на синоќешната седница на Претседателството на партијата. 

Партијата за демократско делување е единствена партија на Албанците во Србија која ќе учествува на парламентарните избори. 

“Учеството на изборите е многу значајно за Албанците од Прешевската Долина и тоа ќе влијае во унапредувањето и гревање на гласот за подобрување на ниваната состојбата  во овој регион”, се наведува во соопштението од партијата.

Партијата, Српска Либерално-демократска партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ на изборите ќе има кандидат Албанец од Прешево, Кујтим Садриу. 

11.02.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега