Од сега до британска виза и од Скопје - се отвара нов центар за визи

 

 

Македонските граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат аликациите да ги доставуваат до компанијата Teleperformance, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција.

Од 26 март ќе може да се аплицира во канцеларијата на компанијата која ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија. Канцеларијата ќе работи во период од 9 до 13 часот, од понеделник до среда, а апликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин.

За услугата граѓаните ќе треба да платат 59 фунти, кои ќе се наплаќаат во евра според моменталната конзуларна курсна листа, која што претходно е одобрена од Парламентот на Обединетото Кралство.

Македонските граѓани од пред околу две години досега мораа за британска виза да одат во Белград.

11.02.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега