Поради девојка 22 годишно момче избодено до смрт
Две момчиња на вораст од 20 години до смрт го избоделе 22 годишниот Вук С. пред кафуле во центарот на Ниш, Србија. Како што јавуваат српските медиуми, Вук со својата пријателка седел во едно кауле во центарот на градот кога Милош С. И Димирија С. на возраст од 20 години го повикале да излезе од кафулето за да разговараат.
Бидејќи не се вратил, девојката излегла за да провери што се случува и го видела како лежи во локва крв по што викнала полиција и Брза Помош.
Вук веднаш бил префрлен во болницата во Ниш, но веќе било доцна. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Имал повеќе убоди на вратот,градниот кош, стомакот и слабината.
Полицијата трага по убијците.
Мотивите за нападот според неофицијалните информации кои ги објавија српските медиуми се кавга околу девојка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа