Омбудсманите на земјите од регионот ги повикаа властите да се грижат за економските и социјални права на граѓаните
Омбудсманите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија ги повикаа властите во своите земји да покажат поголема грижа, сензибилност и доследност во решавање на прашањата од областа на економските и социјални права на граѓаните, бидејќи непочитувањето на овие права е најголема закана за човековите права во целина, се наведува во заедничкото соопштение.
Според омбудсманите неопходно е постоечките проблеми да се решаваат со широк општествен дијалог и целосно почитување на виталните интереси на најзагрозените групи граѓани, јави Танјуг.
- Почитувањето на човековите права и владеење на правото во секоја ситуација, особено кога се изразува граѓанско незадоволство е императив за сите власти, што омбудсманите секојдневно ќе го контролираат, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа