Џеј му прости на Адил кој му ја претепа ќерката

 

Џеј Рамадановски, таткото на Ана која пред неколку месеци беше претепана од својот сопруг, пејачот Адил Максимовиќ, изгледа му прости на својот зет иако велеше дека никогаш повеќе не сака да го види во животот.

- Адил е добро момче. Жал ми е за се што се случи. Секој има некоја жолта минута во животот.Тој е навистина добар човек и грижлив татко. Редовно го посетува малиот, вели Џеј за Стори.

Џеј не коментира дали Ана и Адил се смириле и одговара дека тоа тие самите треба да го кажат доколку е така.

За потсетување, Адил си ја претепа сопругата два месеци по породувањето.

 

10.02.2014 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега