Му ги украле и ѕидовите од продавницата - ваква кражба не сте виделе!
Викендов засега непознати сторители ограбиле продавница во Белград, а верувале или не, освен што ја ограбиле продавницата, тие ги земале и ѕидовите, без да бидат забележани!
Како што пренесуваат српските медиуми, ноќта помеѓу саботата и неделата крадци влегле во пекарата „Сомунче“ во сопственост на Ненад Савиќ, и му го украле целиот инвентар.
- Во локалот бев до 21 часот во саботата. Поставував рефлектори и се подготвував за почеток на работата. Сега немам ништо . Однеле се. Ја оставиле само тоалетната школка, вели сопственикот кој утре требало да стартува со работа.
Крадците освен што го земале инвентарот, со брусилица му ја исекле монтажната фасада, па ја однеле и неа. Направена е штета од 15.000 до 20.000 евра.
Полицијата трага по крадците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа