Иванов од денеска во Москва
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска до 11. февруари 2014 година ќе престојува во посета на Руската Федерација, во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
Иванов денеска ќе оствари средба со Патријархот на Руската Православна Црква, г.г. Кирил.
За време на престојот во Москва, предвидено е македонскиот претседател да го посети московскиот државен универзитет „Ломоносов“, каде на покана на универзитетот ќе одржи предавање. Реномираниот универзитет „Ломоносов“ на претседателот Иванов ќе му ја додели титулата Почесен професор.
Во рамки на церемонијата, претседателот Иванов ќе ги одликува г. Евгениј Суханов, шеф на катедрата за граѓанско право при московскиот државен универзитет „Ломоносов“, со Орден за заслуги и г-ѓа Елена Верижникова, водечки специјалист по македонски јазик во Русија, со Медал за заслуги, за нивниот придонес за унапредувањето на македонско-руски односи
За време на престојот во Москва, македонскиот претседател ќе го посети саемот „Продекспо“, каде е најавено учество на македонски компании.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа