Аце Нинџа и Кољо добија по една година затвор
По една година затвор добија Александар Василевски познат како Нинџа и и Никола Митревски викан Кољо, објавува весникот Вест. Кољо и Нинџа се осдени бидејќи лани на 29 октомври во Скопје предизвикале општа опасност пукајќи во шест лица.
И Кољо и Нинџа во текот на судската постапка тврдеа дека не се виновни. Обвинителството успеа да докаже дека причина за инцидентот биле нарушени односи околу откп на старо железо.
Василевски е познат како клучен сведок во случајот „Ровер“ во кој му се судеше на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
06.02.2014 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа