Познат адвокат загина во сообраќајка на патот Неготино - Велес
Познат велешки адвокат загина во страотна несреќа која се случила рано утринава на автопатот Неготино – Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“, објавува Канал 5.
Несреќата се случила кога од засега непознати причини, автомобилот „Мазда“ зад чиј волан бил велешкиот адвокат, излетал од патот.
Увид на местото на несреќата вршат основен јавен обвинител од Кавадарци и полициска екипа. Се очекува истрагата да ги открие причините за трагичната сообраќајка.
06.02.2014 - 10:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа