Дукат Македонија: Нашите производи нема да поскапат

 

Дукат Македонија нема да ја зголемува цената на производите од брендот ДУКАТ кои се пласираат на македонскиот пазар.

Претставништвото на компанијата во Македонија ја донесе оваа одлука пред се водејќи сметка за стандардот и куповната моќ на потрошувачите во Македонија и покрај тоа што сите анализи покажуваат дека поради перманентното зголемување на цените на енергенсите, суровините и репроматеријалите кои се користат во млечната индустрија, драстично се зголемуваат трошоците на сите домашни и регионални производители на млеко и млечни производи. 

најчитано сега