Трагична смрт за скопјанец - паднал од осми кат на зграда во скопски Карпош
49 годишниот скопјанец Боге К. трагично го загуби животот, откако вчера вечерта паднал од осми кат.
Според информациите до кои стигна Прес24, несреќата се случила вчера во 20:25 часот, во зграда на булеварот „Партизански Одреди“ 135. Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќатаи скопјанецот бил пренесен во скопскиот Ургентен центар.
За жал Боге К. им подлегнал на повредите.
06.02.2014 - 09:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа