Пратениците ќе расправаат за Законот за минимална плата

Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 84-та седница и ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка.

На дневен ред на седницата е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, како и по Предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, двата по скратена постапка.

Според најавите, на агендата се и Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, на Законот за семејството и на Законот за заштита на културното наследство, сите во прво читање.

06.02.2014 - 08:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега