Утре во Атина ќе се одржи конференција за „Јадранската стратегија“
Следните два дена во Атина ќе се оддржи конференција посветена на „Јадранската стратегија“, на која ќе присуствуваат високи претставници на осум земји од регионот, соопшти денеска Европската комисија.
Јоханес Хан, европскиот комесар за регионална соработка во Атина ќе ги информира учесниците за подготовките за донесување на „Јадранската стратегија“, чија цел е воспоставување на поблиска соработка меѓу земјите-членки на Јадранско-јонската иницијатива на билатерално и на регионално ниво.
- Со четири членки на ЕУ и четири земји кои не се членки, стратегијата ќе придонесе кон натамошната интеграција на Западен Балкан, нудејќи шанска за работа во соседните земји во областите од заеднички интерес, порача Хан во пресрет на средбата во Атина.
Тоа ќе биде првпат во макро-регионалната стратегија да учествуваат ист број земји од ЕУ (Хрватска, Грција, Италија, Словенија) и држави кои се уште не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија), што работат заедно со здружени сили за да одговорат на заедничките предизвици, пишува во соопштението на Европската комисија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа