Студентите на Универзитетот во Приштина бараат оставка на ректорот Гаши

 

Откако претходно повеќе стотици студенти оддржаа протестен марш од два правца, се собраа и денеска пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Приштина, барајќи оставка од ректорот Ибрахим Гаши.

Протестите, што траат веќе неколку дена, ги организираат студентските организации со поддршка на невладиниот сектор.

Студентите бараат оставка од ректорот Гаши поради наводното објавување научни трудови во фиктивни весници, потоа истрага за злоупотреби на Универзитетот, подобрување на инфраструктурата во Студентскиот центар и намалување на влијанието на Владата врз Унивезитетот.

05.02.2014 - 18:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега