Си го ограбил цимерот - Македонец уапсен во Врњачка Бања

 

Српската полиција денеска соопштува дека бил уапсен македонски државјанин, поради сторено кривично дело тешка кражба.

Според информациите, се работи за 38-годишниот македонски државјанин Г.Г.П. кој бил уапсен во Врњачка Бања бидејќи се сомничи дека ноќта помеѓу 17 и 18 јанури ограбил бугарски државјанин.

Македонецот се сомничи дека од изнајмена соба во која престојувале заедно со оштетениот, украл техничка стока и пари во вкупна вредност од 990 евра.

05.02.2014 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега