ФОТО: Цените на дрогата испишани на ѕидот на Високиот суд
Необичен графит го „краси“ ѕидот на Високиот суд во центарот на Ваљево, Србија. Некои непознати лица нацртале полицаец во природна големина кој ги пишува цените на дрогата, набрзо после извршениот увид беше одстранета од полицијата во Ваљево.
Еве како се движат цените на дрогата во западна Србија: хибридот, 600 динари, сканк, спид, 1000 динари и сл.
Според началникот на полицијата во Ваљево,тоа е криминал на штета на имотот на друг, информирано е Основното јавно обвинителство и отворена е истрага за сторителите.
Овој графит е мотивиран од случајот со инспекторите кои беа обвинети, во мај минатата година, дека продале килограм хероин на едно лице за 12.000 евра. Тие претходно биле обвинети дека од локалните дилери на дрога примиле поткуп, за да ги заштитат од апсење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа