Трагедија: Почина бебето кое се роди по сообраќајката кај Мавровка

 

Пред два дена во болница починало новороденчето кое дојде на свет по страотната сообраќајка која се случи кај Мавровка во Скопје. Како што јавува Плусинфо, женското бебе се роди во саботата, кога мајката итно беше породена со царски рез на Клиниката за гинекологија, по страотната сообраќајна несреќа во која за жал таткото Блаже И. го загуби животот.

Според неофицијални информации, бебето било родено предвреме и затоа докторите и покрај напорите не успеале да го одржат во живот.

Несреќата се случи во саботата откако три возила се искршија кај Мавровка. 

05.02.2014 - 13:00
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега