Го наполнил возилото со мигранти - фатен гевгеличанец баран со потерница
Гевгеличанецот С.С. си заработи кривична пријава за криумчарење на мигранти.
Според податоците од полицијата, 31-годишниот маж од Гевгелија вчера бил фатен и приведен на Граничниот премин Богородица, откако полицикски службеник забележал дека за истиот е распишана потерница. Од обавениот разговор било констатирано дека пријавениот телефонски го побарало лице од Гевгелија, за да превезе неколку мигранти од Сирија. Тој се упатил на местото каде биле договорени и ги земал илегални мигранти од Сирија.
На пријавениот изречена му е мерка притвор во времетраење од 8 дена.
05.02.2014 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа