Насилно му влегле дома - кривична за извршител од Охрид

 

 

Извршител од Охрид си заработи кривична за злоупотреба на службената положба.

Се работи за 58-годишниот Д.Ф. извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар кој спротивно на донесено решение од Основниот суд во Охрид,  бесправно презел извршни дејствија за насилно отворање на врата, влегување, прибирање на податоци за проценка и заменување на оштетена брава со нова, во стан во населбата „Расадник“. 

Охриѓанецот тоа го направил постапувајќи по предмет по барање од доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија. Такви извршни дејствија, пријавениот планирал да преземе и во други три станови иако уредно бил запознаен дека за истите Основниот суд во Охрид донел решение за времена мерка на доверителот АД за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор од значење за Република Македонија.

05.02.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега