За седум дена дури 25 степени разлика - нов температурен шок
Српските метеоролози прогнозираат дека по студеното време температурите на воздухот ќе се искачат на 15 степени целзиусови. Во Србија темературната разлика ќе биде од речиси 25 степени во однос на времето пред една недела.
- Разликата во однос на минатиот викенд е навистина голема, но не и невообичаена за февруари. Сепак температурите за викендот ќе бидат од два до четири степени повисоки од просекот. Во текот на февруари ќе има вкупно десетина дождливи денови, а на места и снег, но топлото време од претстојниот викенд не би требало да се повтори, изјави метеорологот Часлав Станојевиќ.
Промената на времето најмногу ќе влијае на хронично болните, особено оние кои имаат проблеми со централната и мозочната циркулација.
Професорот Михаило Николиќ од Земјоделскиот факултет во Белград наведе дека промената на времето не би требало негативно да влијае врз посевите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа