ФОТО: Судијка вежбала гола во канцеларија

 

Откако пред очите на граѓаните и вработените во општина Центар, судијка во Врховниот суд во Босна гола танцувала во својата канцеларија, е разрешена од должноста.

Како што информира Дневни аваз, судиката е разрешена со пресуда на Дисциплинската комисија донесена на 27 јануари и тоа откако е утврдено дека направила дисциплински прекршоци како "однесување во судот и надвор од судот со кој се наштетува на угледот на судската функција и однесување кое претставува кршење на службената должност која ја доведува во прашање довербата и кредибилитетот на судијата".

Таа танцувала гола на 16 мај во својата канцеларија. Откако се разголила, во лежечка положба вежбала, додека на спортивната страна ја гледале вработените во општина Центар и ја фотографирале.

04.02.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега