Барса и Меси ќе ја бркаат годишната плата на Роналдо
Челниците на каталонскиот клуб Барселона ги фаќа инат кога станува збор за висината на платата на фудбалерите кои ги имаат нивните ѕвезди со играчките на главниот ривал Реал Мадрид.
Оттука на својот напаѓач Аргентинецот Лионел Меси, со цел да ја изедначат или пак зголемат платата со ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, имаат намера да му понудат нов договор.
- Сигурен сум дека во следните неколку месеци ќе ја завршиме оваа работа. Меси е најдобар играч на светот и заслужува да биде платен и третиран како таков., изјави новиот претседател на Барселона Хавиер Фалус.
Токму со него, аргентинскиот репрезентативец имаше недоразбирање кон крајот на минатата година кога тогашниот потпретседател изјави дека не треба да му се зголемува платата на Меси, но по добивањето на новата функција Фаус и Аргентинецот ги надминаа недоразбирањата.
Инаку, во моментов Роналдо е најплатен фудбалер со 21 милион евра годишна плата, додека Меси заработува „скромни“ 12,5 милиони евра од плата и бонуси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа