Апостолов се пофали со проектите во Неготино

 

Градоначалникот на Општина Неготино, Ванчо Апостолов денеска информираше за реализираните проекти и активности во изминатиот период, како и за се она што како проектна активност следува во текот на оваа година.

-Во Неготино интензивно течат работите од капиталниот проект што го спроведуваме со поддршка на Владата на Република Македонија за решавање на деценискиот проблем-водоснабдувањето.Активностите течат преку паралелна реализација  на неколку проекти, при што со обезбедени средства од германската КФВ банка во тек е замената на постоечките со нови 2.600 автоматизирани водомери, по што ќе следува реконструкција на повеќе од 60 години старата и дотраена водоводна мрежа кај која е констатирана загуба на водата за пиење и до 70 отсто од количините кои доаѓаат од регионалниот водовод лукар, рече Апостолов на денешната прес-конференција.

За таа цел, додаде градоначалникот, изготвивме проект за замена на водоводната мрежа на вкупно 16 улици во градот со должина од 8.000 метри, како и проект за изградба на нов резервоар од 500 метри кубни со три пати поголем капацитет за акумулирање на вода веднаш до постоечкиот.

-Паралелно, за задоволување на потребите на граѓаните, во функција ги ставивме и бунарите кај пепелиште со што обезбедивме дополнителни 35 литри вода во секунда, па заедно со санирањето на неколку покрупни дефекти, обезбедивме стабилно водоснабдување што во овој период од годината резултираше со укинување на дневните редукции на водата за пиење, рече Апостолов, истакнувајќи дека негова крајна цел е да се реши проблемот со недостигот од квалитетна вода за пиење/

Градоначалникот истакна дека локалната самолуправа работи и на економско зајакнување на општината преку создавање услови за изградба на производствени капацитети, што, како што рече, ќе придонесе за отворање на нови работни места.

-Во таа насока, извршивме оформување на индустриската зона Неготино на површина од околу 30 хектари со земјиште наменето за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија. На јавната аукција се продадоа сите  7 огласени парцели, огромен интерес има и за останатите, па доколу се постигнат очекуваните ефекти предвидено е проширување на индустриската зона со површини од дополнителни 20 хектари, рече Апостолов.

 

04.02.2014 - 13:57
Фото: 
Sitel.com.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега