Скандал во Центар Жупа: Директорот на „Нов Живот“ сам си се направил газда
Kривична пријава си заработи директорот на земјоделската задруга „Нов живот“ од Центар Жупа, бидејќи фалсификувајќи потписи на доверители, станал доминантен сопственик на задругата.
Како што информираат од МВР, 38 годишниот И.И. фалсификувал потписи на доверители-членови на задругата и изготвил и заверил записник за одржан состанок, со што станал доминантен сопственик на „Нов Живот“. Измамникот нелегално заработил 132.849 денари.
Од полицијата велат дека И.И. е лице против кое и досега се поднесувани кривични пријави за слични казнени дела.
04.02.2014 - 12:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа