Четворица кривопаланчани кршеле носеви на новогодишната ноќ
24 годишниот кривопаланчанец О.П., 18 годишните Т.М. и М.М. и 17 годишниот Б.Ј. на новогодишната ноќ беснееле низ кривопаланечко Ранковце.
Непосредно пред дочекот на Новата година, четворицата насилници се скарале со поголема група деца и безмилосно претепале еден малолетник. Откако ја предизвикале оваа тепачка, насилниците избегале во барака и таму се затвориле. По кратко време повторно излегле и си нашле следна жртва - 15 годишниот А.М. Без никаква причина, насилниците го нападнале малолетникот со дрвен предмет и боксирач и му го искршиле носот.
Полицијата поднела соодветни пријави против четворицата насилници и против еден од сведоците на крвавите тепачки, кој одбивал да ја каже вистината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа