Грците за 2013 година должат 9,2 милијарди евра за даноци

 

Според соопштението на Министерството за финансии на Грција, за минатата година тие не платиле данок во висина од 9,2 милијарди евра со што новите доспеани долгови кон државата создадени во 2013 изнесуваат 9,2 милијарди евра.

Во ноември долгот изнесувал 8,26 милијарди, и за само еден месец е зголемен за 1,01 милијарда. Од вкупната сума се собрани само 18,69 отсто во вредност од 1,68 милијарди евра. Според договорот за финансиска помош, властите треба да соберат 24,5 проценти.

Старите долгови достигнаа до 53 милијарди евра, откако беа собрани 1,52 милијарди евра од долговите од претходните години, а целта беше да се соберат 1,9 милијарди долари.

Бројот на редовни даночни контроли во големите фирми достигна 324, во споредба со целта од 596 проверки. 

04.02.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега